eTwinning во ОУ “11 Октомври“ Скопје
07.12.2009 21:01 автор Уредник на еТвининг (0 коментари)
eTwinning во ОУ “11 Октомври“
Учењето заедно со друго училиште и други ученици од друга земја е возбудливо само по себе бидејќи се е ново и различно. Со еТвининг, учениците се ставени во реална работна ситуација; со конкретна цел, конкретен предмет, конкретни задачи и „надворешни“ партнери.
Со учениците од 1 до 8 одделение се работи на 17 проекти и тоа: Цел на проектот: Да се подобрат способностите на учениците да се изразуваат на англиски јазик, да се подигне нивната свесност за културната разновидност во Европа, да се поттикне креативноста и имагинација кај учениците, да се развиваат ИКТ вештините кај учениците, да се зголеми свеста за животната средина. ИКТ алатки: аудио конференција, подкастинг, електронска пошта, програма за изработка на презентации, програма за цртање, програма за обработка на слики, веб публицирање, програма за обработка на видео материјали. Педагошка вредност: Учениците имаат слобода да одберат теми и содржини и да дискутираат за нив. Тие се носители на одлуките при создавањето на содржината на нивните презентации што им овозможува да се протагонисти на сопственото образование. Соработката во донесувањето одлуки, колаборативното учење и е-учење му даваат активен, забавен и мулти сензорен пристап научењето. Учениците практично ги применуваат научените ИКТ алатки за решавање на проблеми и за претставување на својата работа. Практичната задача како изработката на сопствено уметничко дело помага во разбирањето и зајакнувањето на учењето. И учениците и наставниците имаат можност да ги подобрат своите знаења од англикиот јазик. Партнери: Романија, Литванија, Германија, Турција, Словенија, Полска Цел на проектот: Воспоставување контакти со европски училишта, развивање на комуникациските способности на учениците и наставниците како и активно користење на англискиот јазик, зголемување на знаењето за животот на тинејџерите од Европа, примена на ИКТ алатките, развивање пријателство и разбирање меѓу учениците ширум Европа, воочување на сличностите и почитување на разликите помеѓу нивната земја и другите земји од ЕУ. ИКТ алатки: Skype, MSN, електронска пошта, програма за изработка на презентации, друг софтвер (видео, слики, цртежи) Педагошка вредност:Овој проект е пример на добра практика за тоа како да се зголеми мотивацијата кај учениците, особено во поглед на учењето странски јазици. Користењето на ИКТ на учениците и наставниците им овозможува да започнат нови пријателства како и активно да го користат (и подобрат) англискиот јазик при комуникација со врсници од други земји. Учениците имаат шанса да одберат информации за својата и културата на својот “странски“ пријател, да зборуваат за нив, да ги споделат, запишат, споредат и презентираат. Кај учениците се поттикнува чувство на припадност на една поширока заедница (ЕУ), се намалуваат предрасудите, се зголемува взаемното почитување помеѓу учениците и се зголемува интересот за учење на странски јазици. Цел на проектот: Откривање на своите традиции и традициите на партнерските земји, создавање нови партнертства, зголемување на меѓусебното почитување, зближување на младите граѓани од Европа, практична примена на ИКТ алатките, подобрување и користење на англискиот јазик, развивање на технолошки вештини и откривање на можностите на веб 2.0. Ученикот да користи соодветни извори за поддршка на учењето, да организира факти и идеи, комбинира идеи и мислења при формирање уникатен, оригинален производ на групата. ИКТ алатки: аудио конференција, електронска пошта, форум, програма за изработка на презентации, програма за цртање, програма за изработување публикации, алатки веб 2.0. eTwinning проектите овозможуваат колаборација помеѓу образовните институции од цела Европа, размената на искуства и можност да се создаваат и прилагодуваат нови иновативни методи, пристапи и производи во основното образование. еTwinning проектите служат и за професионален развој на наставниците. Наставникот е тука за да ги води учениците, да ги поддржува, и да им помага како обезбедувач на ресурси, знаење и мудрост. Предизвик е овие проекти да се инкорпорираат во секојдневните предавања на наставникот и да се дел од наставата.
ОУ“11 Октомври“-Скопје е вклучено во eTwinning проектите од август 2009 година . при што се регистрирани 7 наставници и педагошко-психолошката служба со тенденција на зголемување на бројот на наставници. eTwinning проектите во ОУ“11 Октомври“, во почетокот се работеа на часовите по информатика и проекти од информатика (кога се вклопуваа во наставната програма), на додатна настава и на информатичка секција, но полека стануваат дел од наставата и по другите предмети. За овие активности посебно се заинтересирани наставниците кои сакаат да воведат самонасочено и истражувачко учење во (делови од) курикулумот.
Culinary journal, Bestseller list, European Languages Day Mini Project, Everyday life of teenagers in Europe, Flags project, From waste to art, I live here...and I love it!, Music is always popular!, My holiday-dream or reality, The Illustrated Dictionary of the European Languages, History and culture of Europe, Math is an art, Behind the name, A snapshot of Europe, Autumn around us, Look at me! I’m ready to answer your expectations!
From waste to art
Партнери: Словачка, Турција, Полска, Чешка, Грција
Возраст на учениците: 11-15
Опис: Проект за животната средина - учениците најнапред се запознаваат меѓусебе а потоа учат, дискутираат, собираат информации за отпадоците, ги презентираат новите знаења, разменуваат адреси со веб страници со содржина која е од интерес на овој проект како и пронаоѓаат слики од уметнички дела направени од отпадок. Следен чекор за учениците е создавање галерија од веќепостоечки уметнички дела од отпадни материјали кои се достапни на интернет со цел да послужат како инспирација за учениците. Во последниот дел (најсложен и највозбудлив) е дизајнирањето и производството на свои уметнички дела изработени од отпаден материјал чии фотографии ќе се најдат во виртуелната галерија.
Everyday life of teenagers in Europe
Возраст на учениците:11-15
Опис: Учениците го презентираат секојдневието на својот пријател-ученик од друга земја. За да го направат тоа, учениците и наставниците, секојдневно комуницираат и споделуваат информации за себе, семејството, локалната средина, образовниот систем, слободното време. Истовремено учениците изготвуваат и сопствени истражувања за земјата на нивниот пријател.
Culinary journal
Партнери: Романија, Полска, Бугарија, Турција
Возраст на учениците: 11-14
Опис: Виртуелна прошетка низ земјите на партнерите со крајна цел – креирање кулинарски весник. Учениците комуницираат меѓу себе и се запознаваат (комуницираат на англиски јазик). На почетокот од проектот учениците ја презентираат својата земја, град и училиште и потоа ги разменуваат своите презентации со своите партнери. По запознавањето следува изработка на презентација за: националните јадења, јадењата кои се готват за Нова Година и Божиќ, традиционални слатки, традиционален леб, сендвичи, велигденски јадења. На крајот учениците креираат кулинарски весник и блог со најинтересните продукти, како и речник на проектот.
Педагошка вредност:За време на овој проект учениците ќе научат како: сесобираат, класифицираат, споредуваат информации, да ги споделат своите знаења со други, да комуницираат, да создаваат дигитални ресурси и практично да применуваат ИКТ алатки. Собирајќи информации за традиционалните јадења, учениците ја откриваат својата традиција како и традицијата на своите партнери преку размена на информации. Работат со желба, се забавуваат но ист така и учат многу понезависно и посамостојно. Во соработка со соучениците развиваат соодветни мултимедијални продукти, истражуваат, ја оценуваат точноста, релевантноста на информациските извори, синтетизираат и на тој начин го градат сопственото знаење.
За крај
Во еTwinning проектите учениците креативно размислуваат, решаваат проблеми, носат одлуки. Учениците при изработката на задачите размислуваат поинаку – нивните активности и крајни продукти се достапни за сите заинтересирани од Европската унија и во исто време можат да бидат употреблив ресурс за учење. Учениците се поодговорни за својот сопствен процес на учење, помотивирани и со попозитивен став кон учењето.
Ирина Иванова
проф. по информатика
ОУ“11 Октомври“ - Скопје
<!--[if gte mso 10]>
>



