Новости » Новости

Европската еТвининг Конференција, Севиља - 05 -07 февруари 2010

26.02.2010 10:32 автор Уредник на еТвининг (0 коментари)

 

Од 05 до 07 февруари 2010 година во Севиља, Кралството Шпанија, се одржa Годишната еТвининг Конференција со учество на преку 600 гости - наставници од цела Европа, Национални сервиси за поддршка, претставници на институциите на Европската Унија, како и претставници на пријателските мрежи на еТвининг.

Овогодинешната еТвининг Конференција беше посветена на 5-тиот роденден на еТвининг акцијата, која што произлезе од потпрограмата Комениус на Програмата за доживотно учење. На пленарните заседавања беше прикажан развојот, растењето и трансформацијата на еТвининг акцијата во изминатите години и влијанието на еТвининг врз партнерските училишни проекти на европско ниво.

На Конференцијата беа доделени и еТвининг наградите за еТвининг проекти во неколку категории, а исто така беа доделени и награди за најдобрите еТвининг видео подготвени од учениците во рамките на нивните еТвининг проекти.

Во рамките на Конференцијата беа одржани неколку работилници, што се однесуваа на професионалниот развој на наставниците, методите на учење преку работа, уметноста на колаборирањето, еТвининг во пракса и за поголемиот опфат на учениците во рамките на еТвининг проектите.

Учесниците на Конференцијата беа поздравени високи гости од националните тела за образование на Кралството Шпанија, како и на институциите на Европската Унија. Поздравен говор одржа и Генералниот директор за образование и култура на ЕУ, Г-ѓа Одил Кантан.

 

 

Кликнете за повеќе...

tl_files/gallery/seville/P1040900.JPG

Назад