Новости » Новости

Регионална еТвининг работилница - 04-06 ноември, ИНСБРУК, Австрија

08.07.2009 18:05 автор Pece Stanoev (2 коментари)

-

Од 04 до 06 ноември 2009 година во Инсбрук, Австрија, се одржа регинална еТвининг работилница со учество на претставници од Австрија, Македонија, Ирска, Унгарија и Норвешка. Покрај Националниот сервис за подршка, Македонија ја претставуваа и двајца учесници од СУГС Боро Петрушевски Скопје и СОУ Таки Даскало Битола.

Настанот содржински беше поделен во три дела: воспоставување на контакти со странските училишта, подготовка на проекти и обука за користење на еТвининг порталот (http://www.etwinning.net). За време на реализацијата на активностите македонските учесници успешно ја претставија своите училишта и својата земја, и регистрираа неколку проекти во рамките на еТвининг акцијата. Дополнително, партнерствата во рамките на еТвининг беа искористени за преговори за иницирање на проекти во рамките на секторските програми Леонардо да Винчи и Комениус.

 

 

Назад