Како да испланирате добар проект

10 чекори што ќе Ви помогнат да испланирате успешен еТвининг проект

Ова скица треба да ви помогне да се фокусирате на некои суштински елементи на еТвининг проектите во фазата на планирање. Тие елементи се следниве:

1. НАЗИВ

  • Изберете соодветен назив на проектот;

2. КРАТОК ОПИС НА ПРОЕКТОТ

  • Напишете краток апстракт/опис за проектот, кој што во неколку реченици ќе ја долови суштината на проектот;

3. ЦЕЛИ НА ПРОЕКТОТ

  • Што сакате да постигнете со проектот?
  • Кои ќе бидат резултатите од спроведувањето на проектот?

4. ПРЕДВИДЕНИ АКТИВНОСТИ И МЕТОДОЛОГИЈА

  • Изработете апроксимативна временска рамка и календар на активности;
  • Назначете одговорни лица (професори, ученици) за реализација на тие активности.

5. ИНТЕГРАЦИЈА ВО КУРИКУЛУМОТ

  • Кои наставници и кои предмети ќе бидат вклучени во заедничката работа;
  • Кој дел од курикулумот ќе биде детално разработен и развиен, и во кои предмети?
  • Како ќе осигурате соработка со вашите колеги?

6. ОРГАНИЗАЦИЈА НА АКТИВНОСТИТЕ

  • Дефинирајте ја улогата на учениците и како тие ќе бидат организирани (поделени во групи? ; На кој дел од проектот секој(а) ученик/група ќе работи?);
  • Распределба на задачите и одговорностите помеѓу партнерите (училиштата) во проектот;
  • Процедури за оценување на активностите;
  • Како ќе ги дисеминирате вашите активности во локалната заедница?

7. КОЛАБОРАЦИЈА

  • Како ќе останете во контакт со вашите партнери/координатори од проектот?
  • Колку често ќе комуницирате?
  • Како планирате да ја негувате интеракцијата помеѓу учениците, и во класот и помеѓу учениците од партнерските училишта?

8. ВКЛУЧЕНОСТ НА ЛОКАЛНАТА И УЧИЛИШНАТА ЗАЕДНИЦА

  • Како планирате да ги вклучите родителите, другите професори и ученици од вашето училиште, директорот на училиштето, локалната заедница;

9. ОЦЕНУВАЊЕ И ДОКУМЕНТИРАЊЕ

  • Како планирате да ги публикувате овие активности и резултати од проектот?
  • Кои алатки ќе ги употребите за тековно оценување и документирање на користените методи, организацијата на активностите, постигнатите резултати, појавените проблеми итн.;
  • Кои алатки ќе ги користите за финалното документирање на крајните резултати од проектот, извештајот за резултатите, појавените потешкотии, итн.

10. ИКТ АЛАТКИ

  • Кои ИКТ алатки ќе ги користите во текот на спроведувањето на проектот;
  • Дали тие се соодветни на вашите предвидени активности;
  • Кои дополнителни вредности тие ги имаат во споредба со другите алатки? – дали вие и вашите ученици ќе научат нови вештини?
  • Дали ќе користите се она што го нудат еТвининг порталот, Десктоп и ТвинСпејст?
  • Дали ќе ви биде потребна понатамошна обука за било која од алатките што би сакале да ги користите?

Пронјадете информации на 22 Европски јазици на Европскиот портал:

www.etwinning.net

Што е ознаката за квалитет?
Како да се добие?

www.etwinning.net

Што е ознаката за квалитет?
Како да се добие?

www.etwinning.net