Корисни термини

А

Амбасадори [Ambassadors]

Искусни еТвинери кои работат на локално и национално ниво за да дадат поддршка на другите наставници и да го промовираат еТвининг. Амбасадорите се назначуваат од нивните НСП (Национален сервис за поддршка)

Б

Блог [Blog]

Личен веб простор, журнал или дневник кој што содржи објави и написи на одредена тема. Другите читатели може да даваат коментари за тие написи.

В

Веб 2.0 [Web 2.0]

Термин кој што се однесува на втората генерација од онлајн развојот на Вебот (Глобалната светска мрежа). Се фокусира на комуникација, вмрежување, размена и пред се на содржини генерирани од корисниците.

Вебзајн (или Вебмагазин) [Webzine (or webmagazine)]

Дигитална копија од новински леток (памфлет). Тој е интерактивен и му дозволува на читателот да остави свои коментари.

Вики [Wiki]

Онлајн алатка што им овозможува на корисниците едноставно и лесно да креираат и заеднички да ги ажурираат веб страниците.

Википедија [Wikipedia]

Еден од најпопуларните колаборативни Вики алатки во светски рамки, користена како онлајн енциклопедиа за информативни цели.

Водкаст [Vodcast]

Термин користен за онлајн испорака на „видео по барање“ видео содржини.

Г

Галерија (еТвининг) [Gallery (eTwinning)]

Приказ на практични еТвининг примери. Проектите се селектирани од страна на НСП. Описите се базирани на интервјуа со наставници.

Групи (еТвининг) [Groups (eTwinning)]

Групи во рамките на еТвининг заедницата за наставниците да дискутираат на одредена тематика или предмет.

Гугл [Google]

Најпознатата светска онлајн пребарувачка машина. Гугл исто така нуди и голем број на други онлајн алатки и услуги.

Гугл Мапи [Google Maps]

Бесплатен сервис за веб-мапирање обезбеден од Гугл (за некомерцијална употреба). еТвининг порталот го користи за да ги прикаже регистрираните училишта и проекти.ги

Д

Десктоп (еТвининг) [Desktop (eTwinning)]

еТвининг десктоп е област за социјално вмрежување наменета само за еТвинерите. Функционалностите вклучуваат: креирање на профил, алатки за наоѓање на партнери и образовни ресурси.

Е

Европски знак за квалитет (еТвининг) [European Quality Label (eTwinning)]

Признание на европско ниво за иновациите и успехот во еден еТвининг проект. Ако најмалку два партнери во проекти имаат добиено Национален знак за квалитет, тогаш тие исти проектни партнери се наградени со Европскиот знак за квалитет од страна на ЦСП. Европскиот знак за квалитет се добива по автоматизам, еднаш годишно.

ЕТвинер [ETwinner]

Наставник вклучен во еТвининг и регистриран на еТвининг порталот.

ЕТвининг [ETwinning]

Европска акција што ја промовира колаборацијата и вмрежувањето преку употреба на ИКТ помеѓу училиштата во Европа.

З

Земји (еТвининг) [Countries (eTwinning)]
Знак (еТвининг) [Label (eTwinning)]

Сертификат што се дава на сите еТвининг проекти одобрени од НСП. Тој може да биде симнат од Десктоп од страна на партнерите вклучени во проектот.

Знаци за квалитет [Quality Labels]

еТвининг ги наградува со Национален знак за квалитет и Европски знак за квалитет проектните партнери кои што имаат прикажано високо ниво на иновативности и успех во нивната проектна работа.

И

Илуминејт [Elluminate]

Илуминејт е онлајн колаборативен работен простор што им дозволува на луѓето да се сретнав во виртуелни соби и да дискутираат за работата заедно во реално време. Функционалностите вклучуваат заедничка работна табла, полиња за чет (разговор), аудио/видео алатки и систем за гласање (анкетирање).

Интерактивна табла [Whiteboard (interactive)]

Голем интерактивен екран кои што го поврзува компјутерот со проектор. Интерактивните табли се вообичаено користени за групна работа на ученици кои користат компјутерски софтверски програми.

Интернет [Internet]

Интернет содржи огромен број на информациски ресурси и услуги, најмногу од нив меѓусебно поврзани ХТМЛ документи и инфраструктура за поддршка на електронска пошта, како дополнување на популарните сервиси како што се онлајн чет, трансфер на датотеки и размена на датотеки, онлајн игри, и ВоИП комуникација лице-кон-лице преку глас и видео. (Википедија)

Интернет Безбедност [Internet Safety]

Позитивна, етичка употреба на онлајн ИКТ. Безбедноста се зголемува со подобра свест за проблемите и техничките решенија како што се филтри, анти-спај софтвер и безбедносни нагодувања на целата онлајн опрема.

Информациско-комуникациски технологии (ИКТ) [Information and Communication Technologies (ICT)]

Општ, генерален, термин што вклучува било каков комуникациски уред или апликација (на пример, компјутер, мрежна опрема и , сателитски системи, радио, телевизија и мобилни телефони) и услуги и апликации поврзани со нив (на пример, видео-конференциски системи и далечинско учење). ИКТ е често спомнувана во специјални контексти, како на пример, ИКТ во образование.

Ј

Јуропеан Скулнет [European Schoolnet]

Координативно тело за еТвининг на европско ниво, во име на Европската комисија.

ЈуТјуб [YouTube]

Веб страница за размена на видео содржини, на кој што корисниците можат да постават и да разменуваат видео материјали.

К

Камп (еТвининг) [Camp (eTwinning)]

Тоа е првата награда на годишното еТвиннинг натпреварување за награди. Кампот ги собира на едно место наставниците и учениците од победничките проекти по различни категории на наградување за да учествуваат во работилници и ИКТ активности на некоја сончева локација некаде во Европа. Кампот обично трае 4-5 дена.

Книга за посетители (еТвининг) [Guestbook (eTwinning)]

Секој еТвининг проект има дел за книга за гости, која се наоѓа во профилот на проектот, за да можат другите еТвинери да остават коментари.

Комениус [Comenius]

еТвининг е акција во рамките на програма Комениус на Европската Унија. Комениус се фокусира на претшколското, основното и средното училишно образование. Истата е од значење за сите членови на образовната заедница: ученици, наставници, локалните власти, здруженијата на родители, невладините организации, институциите обука на наставници, универзитетите и други вработени во образованието.

Комениус Партнерства [Comenius Partnerships]

Комениус Партнерства се дел од една акција во целосната Комениус програма што обезбедуваат одреден број на грантови на годишно ниво за колаборативни проекти. Еден еТвининг проект, истовремено може да биде и Комениус Партнерство.

Конференција (еТвининг) [Conference (eTwinning)]

Годишната еТвининг конференција е 2-3 дневен настан кој што собира на едно место преку 400 учесници (наставници, директори, НСП и соработници) за да дискутираат за иднината на еТвининг и да ги споделат успесите за време на церемонијата на доделување на еТвининг наградите. Конференцијата вообичаено се случува во февруари.

Криејтив Комонс Лиценца (ККЛ) [Creative Commons license (CC)]

Ова е алатка за лицецирање која што им овозможува на поединци да им доделат рестрикции за права на копирање на нивните материјали. ККЛ ја информира јавноста како материјалот може повторно да биде употребен. За повеќе во врска со ККЛ можностите: http://en.wikipedia.org/wiki/Creative_Commons

Л

Лабораторија за учење (еТвининг) [Learning Lab (eTwinning)]

Специјална платформа развиена за еТвининг настаните за учење.

Логирање (еТвининг) [Login (eTwinning)]

За да пристапат на еТвининг Десктоп, ПрогресБлог и ТвинСпејс, наставниците мораат да бидат регистрирани. За да се логира, секој мора да има корисничко име и лозинка која се поставува при самата регистрација. Ако податоците за логирање и/или лозинката се изгубат, тогаш линкот ‘forgot your password’ им овозможува на наставниците да бидат известени преку електронска пошта за нивното корисничко име и новата лозинка.

М

МагазинФектори [MagazineFactory]

Интерактивен вебзајн (вебмагазин) алатка препорачана од еТвининг.

Мајспејс [MySpace]

Популарна онлајн заедница за социјално вмрежување што се користи во светски рамки за виртуелно поврзување на луѓето.

Мапа (еТвининг) [Map (eTwinning)]

База на податоци  на еТвининг училишта и проекти од сите земји учеснички. Пребарување може да се прави според училиште, земја, регион или предмет.

Микро-блогирање [Micro-blogging]

Форма на блогирање каде поединците испраќаат кратки текстови за надополнување/ажурирање, како на пример, фотографии или аудио клипови, или ги објавуваат на пример преку Твитер).

Модули (еТвининг) [Modules (eTwinning)]

Кратки активности што можат да бидат вградени во било каков еТвининг проект, без разлика на предметот. Модулите се одличен начин за започнување на проект, обезбедувајќи нешто различно на средната фаза, или служат како евалвациска алатка на крајот од проектот.

Мудл [Moodle]

Платформа за еУчење базирана на слободен софтвер концепт која што служи за развој на онлајн курсеви и колаборација.

Н

Награди (еТвининг) [Prizes (eTwinning)]

Европските еТвининг награди се доделуваат еднаш годишно, на наставници и ученици што прикажале извонредни резултати во некој еТвининг проект. Главните награди вклучуваат и учество на еТвининг камп.

Наоѓање на партнери [Partner finding]

Алатка за наоѓање на партнери за училиштата регистрирани за еТвининг. Од Десктоп, еТвинерите можат да пребаруваат според клучен збор или полиња или објава на порака на форумот за наоѓање на партнери.

Напатствија (Упатство - еТвининг) [Guidelines (eTwinning)]

еТвининг Упатства даваат појаснување во детали како да се употребуваат еТвининг алатките. Тие може да бидат употребени како онлајн или печатено препорачано упатство.

Направа (алатка) [Widget]

Мало парче од код од друга Веб страница која во реално време дава содржина без притоа сопственикот на Веб страницата да мора да ги ажурираат или контролираат. Еден пример за ова во еТвининг е РРУ направата.

Настани за учење (еТвининг) [Learning Events (eTwinning)]

Кратки интензивни онлајн настани за бројни теми што нудат вовед  во одредена тематика, стимулираат идеи и помош во развивањето на вештини. Тие не бараат долгорочни обврски (дискусии, размислувања и лична работа се распоредени во рок од десет дена).

Национален знак за квалитет (НЗК) [National Quality Label (eTwinning)]

Националниот знак за квалитет (НЗК) е признание на навионално ниво за иновациите и успехот во некој еТвининг проект. НСП ги доделува НЗК на наставниците кои успешно аплицирале за Знакот преки нивниот Десктоп на еТвининг порталот.

Национален сервис за поддршка (НСП) [National Support Service (NSS)]

Национален сервис за поддршка (НСП) е организација што го претставува и промовира еТвининг на национално ниво. Секој НСП обезбедува обуки и поддршка, организира настани и води медиумски и комуникациски кампањи на регионално и национално ниво.

Нинг [Ning]

Алатка за онлајн социјално-вмрежување и градење на заедници.

О

Објава (колумна) [Post]

Пишуван текст на јавна Веб страница (на пример, блог, објава, колумна).

Опрема (еТвининг) [Kits (eTwinning)]

Чекор-по-чекор упатство за успешни проекти кои имаат конкретни идеи за наставниците за тоа како да спроведат еден европски колаборативен проект во нивната класа. Опремата може да биде употребена во целост или да биде прилагодена за специфичен контекст на настава.

П

Партнери (еТвининг) [Partners (eTwinning)]

Училишта, наставници и друг училиштен персонал кои се членови на еТвининг проект.

Подкаст [Podcast]

Аудио или видео датотека, во комппресиран дигитален формат, испорачана преку РСС канал преку Интернет до некој претплатник. Таа е дизајнирана за репродукција на компјутер или дигитални аудио уреди.

Портал (еТвининг) [Portal (eTwinning)]

Онлајн платформа што им овозможува на еТвинерите да спроведуваат еТвининг активности. Поединците мора да бидат регистрирани за да имаат пристап до алатките што се на располагање.

Поштенско сандаче (еТвининг) [Mailbox (eTwinning)]

Внатрешен систем за пораки што дозволува безбедна размена на пораки со другите училишта регистрирани на еТвининг  порталот.

Признавање (признание) [Recognition]

еТвининг нуди бројни начини за наставниците да добијат признание за нивната работа, имено: еТвининг знак, Европски и Национален знак за квалитет, еТвининг награди и Галерија.

Програма за доживотно учење [Lifelong Learning Programme (LLP)]

Оваа генерална програма им овозможува на поединци од сите нивоа/фази од нивниот живот да практикуваат и користат стимулативни можности за учење низ цела Европа. Има четири потпрограми кои се фокусираат на различни нивоа на образование и обука и продолжување на претходните програми:

-Комениус за училиштата (еТвининг е дел од Комениус)

-Еразмус за високото образование

-Леонардо да Винчи за стручно образование и обука

-Грундвиг за образование за возрасни

ПрогресБлог [ProgressBlog]

Секој еТвининг  проект има ПрогресБлог за опис на активностите и напредокот на проектот. Се што вклучува идеи, новости, линкови, слики и видео може да биде објавено. ПрогресБлог исто така има улога на платформа за комуникација и повратен одговор помеѓу наставниците и нивните НСП.

Проект (еТвининг) [Project (eTwinning)]

Проектот го засновуваат најмалку две училишта од две различни земји. Мора да биде одобрен од НСП во двете земји.

Профил (еТвининг) [Profile (eTwinning)]

На еТвининг Десктоп сите еТвинери можат да креираат свои лични и училишни профили преку кои други еТвинери ќе можат да гледаат и да учат за нив (еТвинерите можат и да напишат пораки на „ѕидот“ или да се проектните идеи преку опцијата „me too“). Дополнително, секој проект има свој проектен профил каде деталите за проектот се достапни за другите да ги видат (еТвинерите можат да коментираат за проектот во Книгата за гости).

Р

Работилници за професионален развој [Professional Development Workshops]

Работилниците се насочени кон наставниците кои сакаат да ги подобрат нивните вештини во ИКТ и соработка. Работилниците се организираат од страна на НСП и ЦСП и се одржуваа во различни европски градови во текот на целата училишна година.

Размена на ресурси за учење (РРУ) [Learning Resources Exchange (LRE)]

Сервис обезбеден од Јуропеан Скулнет што им овозможува на училиштата да најдат образовни содржини од различни земји и провајдери. еТвинерите можат да им пристапат на РРУ преку нивниот Десктоп.

Регистрација [Registration]

Кога наставниците се запишуваат во еТвининг , тие добиваат пристап до Десктоп со сите достапни алатки. Сите регистрирани наставници се проверени од нивните НСП со цел да се одржува базата на податоци за наставниците безбедна и доверлива.

Ресурси [Resources]

База на податоци или репозиториум од материјали за учење што се разменуваат помеѓу еТвининг училиштата. Ресурсите се достапни за училиштата и вклучуваат материјали изработени во еТвининг или оценети како корисни за еТвининг од страна на наставниците.

РРУ направа-алатка [LRE Widget]

Интегрирана во Десктоп, оваа направа им дава на еТвинерите пристап до 130.000 ресурси за учење од LRE порталот (http://lre.eun.org/)

РСС канал [RSS (Real Simple Syndication)]

Формат на Веб канал користен за публикување на често ажурирани материјали и информации.

С

Слободен софтвер [Open source]

Оперативен модел што овозможува рамноправно и заеднички придонес од различни поединци. Ова е популарно за колаборативно-креираниот слободен софтвер (како на пример, Мудл / Moodle).

Социјален софтвер [Social software]

Софтверски системи и алатки дизајнирани да ја овозможиваат и помагаат интеракцијата и размената на содржини помеѓу поединците. Примерите вклучуваат заедници *Фејсбук, МајСпејс), видео-стриминг портало (ЈуТјуб) и платформи за размена на фотографии (Фликр).

Социјални медиуми (Медиуми за дружење) [Social media]

Онлајн медиумски алатки што се фокусираат на размена на информаци на брз и лесен начин помеѓу поединците со слични интереси. Социјалните медиуми се често спомнувани како „корисничко-генерирани содржини“ или „потрошувачки-генерирани медиуми“.

Социјално вмрежување [Social networking]

Употреба на онлајн софтвер за заедници заради виртуелно поврзување на луѓето со заеднички интереси.

Социјално означување [Social tagging]

Колаборативна, онлајн класификација на содржините од страна на корисниците со цел  да може полесно да се дефинира и најде информација на Интернет. Популарните алатки за означување на информациите вклучуваат Del.icio.us и Technorati.

Т

ТвинСпејс [TwinSpace]

Безбедна колаборативна платформа за училиштата (наставници и ученици) за да ја користат во проектите. ТвинСпејс нуди приватност за секој проект и е достапен веднаш откако проектот е одобрен од НСП. ТвинСпејс може да бидат публикувани на интернет од страна на нивните администратори.

Твитер [Twitter]

Популарен пример на „микро блогирање“ каде текстовите не се подолги од 140 карактери.

Ф

Фејсбук [Facebook]

Популарна онлајн заедница за социјално вмрежување користена во светски рамки за виртуелно поврзување на луѓето.

ФлешМитинг [FlashMeeting]

Видео-конференциска алатка користена во многу еТвининг  проекти. Сесиите може да бидат снимени и повторно прегледани.

Фликр [Flickr]

Популарна платформа за фото-галерии што може да биде вметната во ПрогресБлог. Корисниците може да ја прилагодуваат секој објект преку тагови, лични коментари и оценување.

Форум [Forum]

Систем за онлајн пораки за одржување на текстуални дискусии.

Ц

Централен Сервис за Поддршка (ЦСП) [Central Support Service (CSS)]

Европска еТвининг канцеларија, водена од Јуропеан Скулнет (European Schoolnet) во Брисел. ЦСП е одговорен за централна координација на еТвининг активностите низ Европа, што вклучува: управување на еТвининг порталот, обезбедување на монитринг анализи, креирање на публикации, организирање на еТвининг Конференцијата и Кампот и координирање на педагошката и техничката поддршка за наставниците.

Ч

Чeт соба (соба за разговори) [Chat room]

Чет соба е онлајн простор за текстуални дискусии во реално време, кои можат да бидат еден-на-еден или групни дискусии. Сечиј ТвинСпејс е опремен со приватна чет соба за наставници и ученици за да ја користат во текот на работа на проектот.

Пронјадете информации на 22 Европски јазици на Европскиот портал:

www.etwinning.net

Што е ознаката за квалитет?
Како да се добие?

www.etwinning.net

Што е ознаката за квалитет?
Како да се добие?

www.etwinning.net