ЈАВЕН ПОВИК за избор на двајца (2) еТвининг амбасадори за еТвининг работилница за професионален развој

Врз основа на Решение  бр. 20-384/2 од 20.03.2018, донесенo од  Директорката, Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност објавува:

 ЈАВЕН ПОВИК

за избор на двајца (2) еТвининг амбасадори за еТвининг работилница за професионален развој, наменета за амбасадори почетници во Белград-Србија 04-06 јуни 2018г,

Во согласност со работната програма за 2017-18г. Националната агенција за европски образовнипрограми има предвидено учество на двајца (2)еТвининг амбасадори  на работилница за професионален развој, наменета за еТвининг амбасадори почетници во Белград-Србија во периодот од 04-06 јуни 2018г.Износот на котизацијата и патните трошоци ги покрива Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Работен јазик на настанот ќе биде англиски.

 

Кој може да аплицира?

Подобни да аплицираат се еТвининг амбасадори почетници од Република Македонија, кои треба да ги задоволуваат следните специфични критериуми:

 

-          Лицето да е член на мрежата на еТвининг амбасадори;

-          Лицето да биде регистрирано како активен член на еТвининг заедницата на порталот eTwinning.net;

-          Лицето да има одржано еТвининг мини конференција

-          Лицето да има најмалку еден завршен проект во еТвининг;

-          Лицето да има стекнато ознака за квалитет во рамките на еТвининг акцијата;

-          Лицето да има одлично познавање на англиски јазик;

-          Лицето да има добри презентациски, организациски и комуникациски вештини;

-          Лицето да има искуство во користење на ИКТ и интернет во образовниот процес.

 

Период на активноста

еТвининг работилницата за професионален развој ќе се одржи во Белград-Србија 04-06 јуни 2018г

 

Начин и рок за аплицирање?

Сите заинтересирани субјекти и правни лица кои ги исполнуваат претходно наведените критериуми треба да ги достават до Националната агенција за европски образовни програми и мобилност по електронски пат на адреса за електронска пошта mila.protuger@na.org.mk најдоцна до 26 март  2018г – 16.00 часот, следните документи:

  • Биографија на кандидатот во ЕУРОПАС формат;
  • Сертификат дека сте еТвининг амбасадор
  • Скенирани сертификати од еТвининг проект

 

 

Назад

Пронјадете информации на 22 Европски јазици на Европскиот портал:

www.etwinning.net

Што е ознаката за квалитет?
Како да се добие?

www.etwinning.net

Што е ознаката за квалитет?
Како да се добие?

www.etwinning.net