еТвининг мултилатерален семинар- Иновативни средини за учење

tl_files/download/images/19390569_819289618248634_2001279990207651397_o.jpgВо периодот од 22 до 24 јуни во Лисабон, Португалија, се одржа мултилатерален семинар за наставници-амбасадори на еТвининг на тема „Иновативни средини за учење“. На семинарот учествуваа 94 учесници од 14 европски земји: Португалија, Хрватска, Белгија, Азербејџан, Чешка, Словачка, Бугарија, Финска, Романија, Полска, Шпанија, Малта, Кипар и Македонија. Како претставници од нашата земја активно учество во семинарот зедоа Милена Игњатова и Валентина Петрова, македонски амбасадори на еТвининг.

Семинарот започна попладнето на 22.06.2017 год. со регистрација на учесниците и пленарна сесија на којашто проф. Витор Теодороод Универзитетот во Лисабон зборуваше за „лажни вести“ и нивното влијание врз луѓето.

Петокот, 23.06 беше предвиден за 4 работилници. Поради големиот број учесници, беа формирани четири групи и учесниците ротираа во работилниците:

-          Работилница 1 – „Учење преку проекти и Ардуино“ во којашто учесниците работе во мали групи (4-6) и имаа можност да испланираат и да креираат проект преку на еТвининг платформата користејќи ја апликацијата Ардуино за автоматизирање на активностите;

-          Работилница 2 – „Работа, креирање и колаборација… Јас учам“ во којашто учесниците во групи од 4 ги применија основните принципи на еТвининг: критичко мислење, проблемска работа, колаборација, презентација, применливост во реалниот свет;tl_files/download/images/19400215_819886628188933_8417072293639123342_o.jpg

-          Работилница 3 -  „Редезајнирање на училниците за иднина низ мистерии – Патување низ идеите“ во којашто се разработуваше примената на ИКТ во наставата преку едноставни вежби за изработување алгоритми и кодирање без компјутер;

-          Работилница 4 – „Лабораторија на сетилата“ којашто покажа дека и сетилата се мерливи (вид, слух, физичка сила) преку едноставни лабораториски вежби.

            Завршната пленарна сесија од 24.06.2017 год. беше посветена на примената на мобилните уреди во наставата.

Активностите испланирани од организаторот беа интересни и практични. Се остварија повеќе контакти со еТвинери од земјите учесници и се започна со првични договори за идни еТвининг проекти коишто би започнале од септември 2017 год.

 

Валентина Петрова, еТвининг амбасадор

ООУ „Лазо Ангеловски“, Аеродром

Оваа сторија е извадок од најновиот број на е-магазинот МОБИЛНОСТ МК

 

 

 

Назад

Пронјадете информации на 22 Европски јазици на Европскиот портал:

www.etwinning.net

Што е ознаката за квалитет?
Како да се добие?

www.etwinning.net

Што е ознаката за квалитет?
Како да се добие?

www.etwinning.net