еТвининг ознака за квалитет за училишната 2018/2019 година

Со задоволство Ве повикуваме да се пријавите за еТвининг ознаката за квалитет за училишната 2018/2019 година.

За училишната 2018/2019. годинa, рок за поднесување на пријави за eTвининг ознака за квалитет е 30. јун 2019. Година  

Ознаката за квалитет е признание за учесниците на eTвининг порталот за нивното учествување во eTвининг проектите. Ознаката за квалитет представува јавно признание и поттик како за училиштето така и за учениците. Покрај тоа, ознаката за квалитет е еден од предусловите за добивање европска ознака за квалитет, кој понатака овозможува конкурирање за eTвининг европските награди.

Секој учесник на eTвининг порталот може да се пријави за ознака за квалитет преку својот eTwinning live . Во полето „Пријавете се за ознака за квалитет“ кое се наоѓа на копчето Проекти, покрај секој проект во кој наставникот учествува. Бројот на проекти кој еден учесник на порталот може да ги пријави за  ознакa за квалитет е неограничен.

Пријавата за  ознака за квалитет ја оценува Националниот тим за подршку (НСС) според однапред дефиниранирани критериуми како што се: педагошка иновација, комуникација и размена меѓу партнерските училишта, соработка меѓу партнерските училишта, користење на ИКТ алатки и крајни резултати од проектот

Со цел да се пружи поддршка на членовите на eTвининг порталот кој сакаат да поднесат пријави за Национални ознаки за квалитет, eTвининг националниот тим за подршка организира

Отворена врата за прашања поврзани за eTвининг ознаките за квалитет кој eTвининг националниот тим за подршка ги организира преку пријавување за работилница во просториите на „Националната агенција за европски образовни програми и мобилност“

03. јуни од 10 до 11Ч30мин ,

Пријавување на работилницата на следниот емаил: mila.protuger@na.org.mk

Назад

Пронјадете информации на 22 Европски јазици на Европскиот портал:

www.etwinning.net

Што е ознаката за квалитет?
Како да се добие?

www.etwinning.net

Што е ознаката за квалитет?
Како да се добие?

www.etwinning.net