еТвининг презентација од страна на БРО во ОУ "Кирил и Методиј"- Кочани

На 07.12.2018 година беше одржана еТвининг работилница во ОУ “Св. Кирил и Методиј”- Кочани на кој присуствуваа 30 наставници од основните училишта од општина Кочани и околните населени места. На работилницата учествуваа наставници од: ОУ „Никола Карев“, ОУ „Страшо Пинџур“, ОУ „Синиша Стоилов “, ОУ „Климент Охридски“ и ОУ “Св. Кирил и Методиј” .
Работилницата беше водена од страна на м-р Бети Кузмановска од БРО- Кочани и Весна Кушевска еТвининг амбасадор од СОУ „Љупчо Сантов“ Кочани.
На настанот беа поканети нови потенцијални идни членови на еТвининг платфромата со цел да се запознаат со нејзините карактеристики и можностите која таа ги нуди за наставниците и учениците.
Во рамките на настанот беа презентирани предностите на користење на еТвининг платформата и искуства од досегашно користење на оваа платформа во рамки на проекти кои успешно се изработени во соработка со други училишта од други Европски држави. Ученици од СОУ „Љупчо Сантов“ -Кочани зборуваа за придобивките кои ги стекнале од користење на еТвининг платформата во рамки на претходно реализирани проекти, а воедно и за нивното искуство во реализацијата на проекти од ЕРАЗМУС + програмата.
Исто така на присутните им беше објаснета и можноста за пронаоѓање на проектни партнери за аплицирање на проекти во рамките на ЕРАЗМУС + програмата а исто така им беше презентирана и постапката како да нивното училиштето постане еТвининг училиште и кои се предностите што тоа ги носи со себе.

Image may contain: 1 person, screen and indoor  

Назад

Пронјадете информации на 22 Европски јазици на Европскиот портал:

www.etwinning.net

Што е ознаката за квалитет?
Како да се добие?

www.etwinning.net

Што е ознаката за квалитет?
Како да се добие?

www.etwinning.net