еТвининг презентација од страна на БРО во ОУ "Коле Канински"- Битола

На ден 28.11.2018 во организација на БРО Битола и советничката Мирјана Дафкова се одржа еТвининг презентација. На оваа презентација беа поканети наставници од основните училишта од Битола и Ресен, како и наставници од подрачни училишта кои не се регистрирани на еТвининг платформата.
Презентацијата се одржа во ОУ Коле Канински Битола. Советничката Мирјана Дафкова ги запозна присутните со новите трендови на водење на настава каде што еТвининг платформата претставува една голема придобивка во делот на примена на технологијата во наставата.

tl_files/download/images/2018/dec2018/IMG_20181128_124201953_HDR.jpg
Потоа со презентација , Каролина Неделковска како претставник (амбасадор) на еТвининг, детално им ја објасни постапката за креирање на профил. Исто така беше презентирана целата платформа на еТвининг , беа истакнати и неколку успешни проекти и се регистрира наставник со цел присутните да добијат целосна слика за постапката на регистрација.

tl_files/download/images/2018/dec2018/IMG_20181128_124437159.jpg

Назад

Пронјадете информации на 22 Европски јазици на Европскиот портал:

www.etwinning.net

Што е ознаката за квалитет?
Како да се добие?

www.etwinning.net

Што е ознаката за квалитет?
Како да се добие?

www.etwinning.net