еТвининг презентација во ОУ „Тоде Хаџи-Тефов“ во Кавадарци

Бирото за развој на образованието во соработка со Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, организира средба за презентација на Е-Твининг платформа за учење. E-твининг е проектна рамка што им овозможува на училиштата од Европа работа на заеднички проекти со користење на Интернет и ИКТ алатки. На тој начин е-Твининг придонесува за подобрување на педагошките аспекти на користењето на ИКТ во наставата и учењето и зголемување на ефективноста од користењето на истата. Средбата се одржa во ООУ „Тоде Хаџи-Тефов“ во Кавадарци, на 07-02-2019 година (четврток), со почеток во 12 часот. Елизабета Филипова, еТвининг амбасадор, им ја претстави еТвининг платформата на присутните наставници.

Image may contain: 1 person, standing and indoor

Назад

Пронјадете информации на 22 Европски јазици на Европскиот портал:

www.etwinning.net

Што е ознаката за квалитет?
Како да се добие?

www.etwinning.net

Што е ознаката за квалитет?
Како да се добие?

www.etwinning.net