еТвининг работилница, во ООУ „Дедо Иљо Малешевски„ – Берово.

На ден 26.12.2018 беше одржана еТвининг презентација, следена од практична работилница, во ООУ „Дедо Иљо Малешевски„ – Берово.
На настанот имаше над 70 учесници од ООУ „ДИМ„, СОУ „Ацо Русковски„ ОУ „Никола Петров Русински„ ,членови од советот на родители, управниот одбор,како и претставници од Општина Берово.
Презентацијата беше водена од еТвининг амбасадорот Чавдарска Славица, а учество со свои искуства и награди земаа и ученици од IX одделение кои ги споделија придобивките од работата на еТвининг со присутните. Директорот ги истакна резултатите, искуствата и наградите од успешни проекти на кои сме соработувале го голем број Европски земји/училишта како партнери и координатори.
Беа потенцирани новите трендови на водење на настава каде што еТвининг платформата претставува една голема придобивка во делот на примена на технологијата во наставата.
По информативниот дел, следеше практична работилница- Разгледување и креирање еТвининг профил.
Настанот беше организиран со цел да се запознаат присутните со платформата како би станале идни членови и би ја прошириле мрежата.

Назад

Пронјадете информации на 22 Европски јазици на Европскиот портал:

www.etwinning.net

Што е ознаката за квалитет?
Како да се добие?

www.etwinning.net

Што е ознаката за квалитет?
Како да се добие?

www.etwinning.net