еТвининг работилница со еТвининг амбасадорката Каролина Неделковска во Основното Училиште „Св. Климент Охридски“ Битола

На ден 12.11.2018 година во Основното Училиште „Св. Климент Охридски“ Битола се одржа еТвининг презентација и работлиница. На оваа средба еТвининг амбасадорката Каролина Неделковска постапно им ја презентираше еТвининг платформата. Наставниците беа запознаени со начинот на регистрирање, можноста за учество во проектите и нивно креирање, како и онлајн тренинзите и групите, кои се од голема важност за секој заинересиран наставник. Учеството на учениците во еТвининг проектите беше презентирано како интегрирање на иновативни методи во училница.
Посебен акцент им беше ставен на професионалниот развој на наставникот, бидејќи со секое учество на проект се добива сертификат за учество. Голем успех за секој наставник е добивањето на награда, токму на ова место наставниците се наградувани со Ознака за квалитетен проект. Покрај тоа, на наставниците им беше презентиран и начинот добивањето на ознаката за еТвининг училиште и на крајот се регистрираше наставник со цел наставниците поблиску да се доближат до целата платформа.
На оваа средба присутвуваа 53 одделенски и предметни наставници во училиштето.

Назад

Пронјадете информации на 22 Европски јазици на Европскиот портал:

www.etwinning.net

Што е ознаката за квалитет?
Како да се добие?

www.etwinning.net

Што е ознаката за квалитет?
Како да се добие?

www.etwinning.net