Најнова книга за еТвининг

Во текот на Декември 2009 година во издание на Јуропеан Скулнет (European Schoolnet), Централниот сервис за поддршка на акцијата еТвининг, од печат излезе новата книга за еТвининг акцијата, еТвининг 2.0: Градење на заедница на училиштата. Ова издание беше преведено на македонски јазик од страна на Националниот сервис за поддршка на Република Македонија при Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, и истото можете да го симнете на следниве два линкови: линк1 и линк2.

Оваа книга, со исклучително квалитетен дизајн, на 64 страници дава приказ на развој на еТвининг акцијата од 2005 година до денес (преку опис на најзначајните моменти и активности во петгодишниот развој), го истакнува значењето на социјалното вмрежување за еТвининг и на еТвининг за социјалното вмрежување во глобални рамки,  го свртува вниманието на читателите – претежно наставници – кон градењето на еТвининг како најголема заедница на училишта во Европа со исклучителни можност за професионален развој на наставниците,  го опишува онлајн колаборирањето во рамките на еТвининг акцијата и како еТвининг придонесува за интегрирање на ИКТ во образовниот процес. На крај, книгата дава преглед на сите клучни термини во еТвининг и листа на сите Национални сервиси за поддршка во Европа.

Назад

Пронјадете информации на 22 Европски јазици на Европскиот портал:

www.etwinning.net

Што е ознаката за квалитет?
Како да се добие?

www.etwinning.net

Што е ознаката за квалитет?
Како да се добие?

www.etwinning.net