Повик за поднесување на пријави за eTвининг ознака за квалитет

За училишната 2017/2018. годинa, рокот за поднесување на пријави за eTвининг ознака за квалитет е 30. јун 2018. година

Ознаката за квалитет е признание за учесниците на eTвининг порталот за нивното учествување во eTвининг проектите. Ознаката за квалитет представува јавно признание и поттик како за училиштето така и за учениците. Покрај тоа, ознаката за квалитет е еден од предусловите за добивање европска ознака за квалитет, кој понатака овозможува конкурирање за eTвининг европските награди.

Секој учесник на eTвининг порталот може да се пријави за  ознака за квалитет преку својот eTwinning live . Во полето „Пријавете се за ознака за квалитет“ кое се наоѓа на копчето Проекти, покрај секој проект во кој наставникот учествува. Бројот на проекти кој еден учесник на порталот може да ги пријави за ознакa за квалитет е неограничен.

Пријавата за ознака за квалитет ја оценува Националниот тим за подршку (НСС) според однапред дефиниранирани критериуми како што се: педагошка иновација, комуникација и размена меѓу партнерските училишта, соработка меѓу партнерските училишта, користење на ИКТ алатки и крајни резултати од проектот

 

 

Назад

Пронјадете информации на 22 Европски јазици на Европскиот портал:

www.etwinning.net

Што е ознаката за квалитет?
Како да се добие?

www.etwinning.net

Што е ознаката за квалитет?
Како да се добие?

www.etwinning.net