• Новости
  • Настани

Работен состанок за еТвининг

На 18.09.2017 во просториите на Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност беше одржан работен состанок за еТвининг. На работниот состанок покрај еТвининг координаторот Мила Протугер Анастасова, беа присутни и Гордана Јанакиевска ИКТ советник при бирото за развој на образование и воедно наш еТвининг соработник како и дел од еТвининг амбасадорите.

Состанок на македонскиот НСП со Бирото за развој на образованието

На 12.09.2017 година беше одржана работна средба во просториите на Бирото за развој на образование( БРО ). На работниот состанок покрај еТвининг координаторот Мила Протугер Анастасова беше присутен и директорот на БРО Ризван Бела како и Гордана Јанакиевска ИКТ советник при бирото и воедно наш еТвининг соработник.

Повик за избор на двајца еТвининг амбасадори за eТвининг конференција во Св Жулиан-Малта

06 Септември 2017год.

Врз основа на Решение  бр. 20-827/2 од 06.09.2017, донесена од В.Д Директорот, Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност објавува:

ЈАВЕН ПОВИК

за ибор на двајца (2) еТвининг амбасадори за eТвининг конференција во Св Жулиан-Малта 26-28 октомври 2017г

tl_files/images/etw-live.jpgВо согласност со работната програма за 2017г. Националната агенција за европски образовни програми има предвидено учество на двајца (2)еТвининг амбасадори за eТвининг годишна конференција во Св Жулиан-Малта 26-28 октомври 2017г,.Конференцијата е наменета за наставници од сите наставни предмети кои се заинтересирани за учење на нови методологии .Износот на котизацијата и патните трошоци ги покрива Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Работен јазик на настанот ќе биде англиски.

еТвининг мултилатерален семинар- Иновативни средини за учење

Во периодот од 22 до 24 јуни во Лисабон, Португалија, се одржа мултилатерален семинар за наставници-амбасадори на еТвининг на тема „Иновативни средини за учење“. На семинарот учествуваа 94 учесници од 14 европски земји: Португалија, Хрватска, Белгија, Азербејџан, Чешка, Словачка, Бугарија, Финска, Романија, Полска, Шпанија, Малта, Кипар и Македонија. Како претставници од нашата земја активно учество во семинарот зедоа Милена Игњатова и Валентина Петрова, македонски амбасадори на еТвининг.

Семинарот започна попладнето на 22.06.2017 год. со регистрација на учесниците и пленарна сесија на којашто проф. Витор Теодороод Универзитетот во Лисабон зборуваше за „лажни вести“ и нивното влијание врз луѓето.

October 2017

There are no events for this month.

Пронјадете информации на 22 Европски јазици на Европскиот портал:

www.etwinning.net

Што е ознаката за квалитет?
Како да се добие?

www.etwinning.net

Што е ознаката за квалитет?
Како да се добие?

www.etwinning.net