• Новости
  • Настани

ЈАВЕН ПОВИК за избор на двајца (2) еТвинингнаставници од училиште кое има добиено еТвининг ознака за училиште на еТвининг тематкса конференција во Даблин - Ирска 09-11 мај 2019г

Врз основа на Решение  бр. 20-373/2 од 04.03.2019, донесенo од  Директорката, Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност објавува: 

ЈАВЕН ПОВИК

за избор на двајца (2) еТвинингнаставници од училиште кое има добиено еТвининг ознака за училиште на еТвининг тематкса конференција во Даблин - Ирска 09-11 мај 2019г

Во согласност со работната програма за 2019-20г. Националната агенција за европски образовнипрограми има предвидено учество на двајца (2) еТвининг наставници од училиште кое има добиено еТвининг ознака за училиште на еТвининг тематкса конференција во Даблин - Ирска 09-11 мај 2019г. Износот на котизацијата и патните трошоци ги покрива Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Работен јазик на настанот ќе биде англиски. 

Објавени се еТвининг наградите!

Со задоволство објавуваме дека за 2019 #eTwinning наградите се објавени!

8 колаборативни проекти во 4 возрасни категории и 8 проекти во во специјални категории се истакнаа со нивните огромни напори да се внесе иновативност во училницата ов Европа! Честитки до сите наставници, директори и ученици за нивната посветеност и труд!

 

еТвининг презентација во ОУ „Тоде Хаџи-Тефов“ во Кавадарци

Бирото за развој на образованието во соработка со Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, организира средба за презентација на Е-Твининг платформа за учење. E-твининг е проектна рамка што им овозможува на училиштата од Европа работа на заеднички проекти со користење на Интернет и ИКТ алатки. На тој начин е-Твининг придонесува за подобрување на педагошките аспекти на користењето на ИКТ во наставата и учењето и зголемување на ефективноста од користењето на истата. Средбата се одржa во ООУ „Тоде Хаџи-Тефов“ во Кавадарци, на 07-02-2019 година (четврток), со почеток во 12 часот. Елизабета Филипова, еТвининг амбасадор, им ја претстави еТвининг платформата на присутните наставници

еТвининг работилница во ООУ "Лазо Ангеловски", Скопје

а 15.01.2019 година се одржа еТвининг работилница на која присуствуваа 30 наставници од ООУ "Лазо Ангеловски", Скопје. За време на работилница наставниците имаа можност практично да се запознаат со еТвининг платформа, да креираат свои профили, да ги истражува можностите кои ги нуди платформа (приклучување во еТвининг групи, разгледување на партнерските форуми, можноста за професионален развој преку Learning event и eTwinning seminars, начините за пронаоѓање на парнери за приклучување и започнување на проекти) како и приклучување во модел еТвинининг проект со цел практично да го разгледаат новиот TwinSpace.

March 2019

There are no events for this month.

Пронјадете информации на 22 Европски јазици на Европскиот портал:

www.etwinning.net

Што е ознаката за квалитет?
Како да се добие?

www.etwinning.net

Што е ознаката за квалитет?
Како да се добие?

www.etwinning.net