Учениците во еТвининг проектите
Пред започнување на проектот
- На учениците им се објаснуваат основните работи за еден еТвининг проект, при што им се прикажува еден готов проект или дел од него;
- Им се кажува генералната идеја на проектот.
- Им се поставуваат пршања за тоа кои идеи тие самите би сакале да ги разработат;
- Се забележуваат нивните претходни интереси (теми, алатки, јазици, предмети, итн.);
- Им се предлагаат теми од интерес;
- Се дискутираат со нив најинтересните теми што можат да се развијат за време на проектот;
- Учествуваат во давањето предлози за колаборативни активности;
- Им се објаснуваат сите предмети што ќе бидат интегрирани во планот и програмата на проектот;
- Ги прашуваат за нивните знаења за другите земји и работите што тие би сакале да ги дознаат;
- Ги запознаваат со местото и областа со која ќе соработуваат;
- Бараат информации за тоа место и таа областа;
- Ширење на информацијата за тоа место со најразлични средства, на пример Веб страница, со цел да се создаде работна атмосфера во која секоја ученик ќе даде придонес;
- Запознавање на учениците со ИКТ алатките што тие ќе ги користат за време на проектот, дискутирање со нив кои од алатките веќе ги користат и постигнување на договор за заедничка употреба на алатките;
- Прикажување на ТвинСпејс и неговите алатки;
- Практицирање/вежбање на странскиот јазик за да се развие самодоверба кај учениците;
- Информирање на родителите за проектот и по можност за улогите што тие би можеле да ги имаат за да се вклучат во проектот;
- Обезбедување на план и временска рамка на проектот;
- Креирање на блог, форум или Веб простор за комуникација со учениците за тие можат да ги искажат своите очекувања за проектот;
- Вклучување на другите наставници во процесот на ширењето на информациите и развојот на проектот, доколку тоа е возможно.
За време на проектот
- Да се креира ученичко катче, огласна табла или околина посветен на проектот (слики, цртежи, графици, слогани и пароли, итн.);
- Размена на детали и информации преку постирање;
- Групирање на учениците во парови или мешани групи за да се осигура дека секој студент има партнер(и);
- Овозможување на ученички состаноци преку чат, видеоконференции, фотографии, идентификувачки слики (од на пример, спортисти) за да истите се препознаат и запознаат;
- Покани до улчениците да бидат членови или администратори на ТвинСпејс просторот на соодветниот проект;
- Одредување студенти што ќе добијат специфични задачи како што се поставување на датотеки на ТвинСпејс, снимање на видео материјал, скенирање на документи, фотографирање итн.;
- Размена на пораки во безбедна околина;
- Превземање на обврска да се одговора на добиените пораки во разумен период;
- Создавање на атмосфера на доверба за да можат партнерите да поставуваат прашања, појаснување на нејасни детали и работа во целосно единство;
- Учество во форумот/блогот на порталот и да се поттикнат учениците да предлагаат теми за дискусија;
- Превземање на обврска за публикациите на нивните соученици, не само во матичното училиште туку и во партнерското училиште;
- Предлагање на взаемни колаборациони активности;
- Креирање на заеднички календар на активности и настани (одмори, спортски настани, филмови, културни манифестации, итн.);
- Обезбедување на разновидност на типовите на активности;
- Предлагање на различни (взаемно поврзани) активности за да се обезбеди континуитет на проектот за вклученоста на учениците трае онолку колку што тие посакуваат;
- Поставување на крајни рокови за извршување на активностите; овие датуми мора да бидат исти со оние од партнерските училишта. Ако тоа не е можно, тогаш истите мора да бидат познати;
- Обезбедување на вклученост на родителите преку давање пристап за нив до ТвинСпејс или друга работна околина, за да тие знаат што нивните деца работат и доколку сакаат да се вклучат да работат заедно со нив;
- Обезбедување, доколку е тоа возможно, на сите ученици – независно од нивото на курикулумот, и адаптирање на тие активности на специфичните потреби на учениците;
- Интегрирање на проектот во курикулумот, развивајќи го за време на наставните часови, за да не се дозволи дополнителни оптоварување на учениците;
- Поставување на конкретни периоди на време наменети за проектот (ТвинСпејс, алатки, прегледување, итн.) во неделните наставни часови;
- Дефинирање на криериуми за евалуација и квалификација поврзани со проектот во рамките на извештајот за на одделот за дидактика;
- Давање поголема важност на процесот на комуникација помеѓу учениците отколку на усвојување на граматиката на странскиот јазик;
- Публикување и дисеминација на материјали и резултати од проектот на Веб страници (на крајот и во текот на проектот);
- Развој на корисни материјали за нивните партнери за да можат тие да работат со нив во училница, и правење подобрувања во однос на класичните материјали за учење (на пример книгите и учебниците).
По завршување на проектот
- Размена на позитивните и негативните аспекти на проектот;
- Вклучување на придонесот на учениците во процесот на евалуација;
- Дисеминација на проектните резултати во рамките на Европската Заедница и на други полиња;
- Овозможување проектните активности да поттикнат други активности во класот или училиштето;
- Охрабрување на учеството на учениците во сесиите за обука, семинари, итн., каде тие можат да ги опишат ствоите искуства;
- Доставување на барање на Знак за квалитет и одбележување на постигнувањата од проектот;
- Продолжување на комуникацијата помеѓу учениците и нивните партнери;
- Предлагање на долгорочни активности помеѓу партнерите (честитки за празници и родендени, Европски спортски настани, испраќање на видео материјали и фотографии од разни настани и пригоди …);
- Публикување на пополнети материјали и дисеминирање на истите помеѓу студентите;
- Организирање на отворени денови со родителите за да им се објасни целта на проектот, нивните претходни очекувања и заклучоци, итн.;
- Оценување на учеството на проектот и начините за подобрување на идните искуства и партнерства.